Кој сака да готви со часови на оваа топлина? Веруваме никој, а ве советуваме тестенините да ги подготвите на грчки начин. Послужете ги со бело вино и уживајте…
Состојки:
- 300 гр шпагети
- чаша црни маслинки
- 250 гр фета сирење
- две чаши шери домати
- маслиново масло
- малку свеж магдонос
- една лажичка оригано
- сол, бибер
Подготовка:
Сварете ги шпагетите во солена зовриена вода, според упатството на пакувањето.
Исцедете го и префрлете го во сад, заедно со четвртина шолја од водата во која се готвеа. Додадете изронето фета сирење, преполовени шери домати, маслинки, сол, бибер, магдонос и оригано, па сè убаво измешајте.
Пријатно!