Откако објави дека се разведува, Јелена Карлеуша отпатува со ќерките каде уживаат во летниот шарм.
Само два дена откако објави дека се разведува од Душко Тошиќ, Јелена Карлеуша ги спакува куферите и со ќерките замина на одмор во Турција.
Иако фотографиите не би навестиле дека разводот тешко ѝ паднал, Јелена уште еднаш покажа дека е многу ранлива, особено кога се работи за нејзините и ќерките на Душко. Во пресрет на 5 јули, кога официјално призна дека брачната приказна и овојпат не функционира, ЈК во раце држела писмо кое ѝ дало неверојатна сила.
„Мамо, ти си ми сѐ во животот, те сакам многу и не можам без тебе!“, е пораката на тринаесетгодишната Атина упатена до нејзината сакана мајка.