СИТЕ ГИ ПРАВИМЕ ИСТИТЕ ЛЕТНИ ГРЕШКИ: Пиете вода само кога сте жедни? Еве зошто не е добро за телото

popara26 јули, 20221min00
Screenshot_6

Најлошото нешто што можете да направите е да пиете вода од пластично шише

 

 

 

Јасно е дека треба да пиете што повеќе течност во текот на летото за да спречите дехидрација, но она што е многу важно да знаете е дека не е доволно само редовно да пиете вода.

 

Многу експерти забележале дека поради некои грешки што ги правиме во водата за пиење, потешко ја поднесуваме топлината и го ризикуваме нашето здравје.

 

Пластични шишиња

 

Ако спаѓате во групата на луѓе кои постојано ги полнат пластичните шишиња со вода и ги носат со себе, го ставате на ризик вашето здравје. Имено, повеќето шишиња содржат БПА, т.е. тие се направени од пластика која содржи бисфернол А, за кој е докажано дека се исцедува во храната и пијалоците.

 

Научниците тврдат дека оваа супстанца го зголемува ризикот од некои здравствени проблеми, како што се кардиоваскуларни болести, висок крвен притисок, дијабетес… Поради сето ова најдобро е да користите стаклени шишиња со вода или барем оние направени од пластика што не содржи BPA (BPA free).

 

Вода со вкус

 

Нема ништо лошо во тоа да пиете вода со вкус понекогаш, но не се препорачува постојано да го правите тоа. Вештачките вкусови и засладувачи го зголемуваат ризикот од дијабетес тип 2 и исто така може да ве натераат почесто да бидете гладни. Подобра опција е да додадете лимон во водата, ако веќе сакате да ѝ дадете некој вкус.

 

Ладна вода

 

Повеќето луѓе ќе посегнат по чаша ледена вода за да се разладат во текот на летото, но тоа воопшто не е паметно. Студената вода всушност нема да ви помогне да се оладите побрзо, туку напротив. Поради пребрзото ладење на внатрешноста на организмот, телото ќе го сфати како сигнал дека ви е ладно, па веднаш ќе престане да се поти, што е природен начин на ладење.

 

Вода пиете само кога сте жедни

 

Звучи многу парадоксално, но не е паметно да пиете вода само кога сте жедни. Кога чувствувате жед и имате сува уста, тоа е веќе знак на дехидрација, што никако не го сакате.