
На релјефите на Сумерците, во урнатините на Турција, на статуите на американските Олмеци, на цртежите на Новозеландските Маори, накратко, во сите поголеми цивилизации се појавува мистериозен симбол и до ден денес, не е целосно јасно што претставува.
Најчесто покажува заоблен лак на горниот дел и квадратно дно, со различни детали и дезени и многу потсетува на модерните чанти. Понекогаш, овие симболи се прикажани независно, а понекогаш во рака ги држи некое божество, човек или митолошко суштество. Научниците од Универзитетот во Скрентон неодамна, по проучувањето на бројни примери, понудија повеќе или сепак, помалку веродостојно објаснување.
Според нивната теорија, тоа е еден вид космичка корпа: полукругот, кој наликува на рачката на „чантите“ или „кошниците“, го претставува небото, а квадратот ја претставува земјата. Заедно, овие два елементи ја симболизираат севкупноста на сè што постои. Имено, во древните култури круговите го симболизирале духовното и нематеријалното, додека квадратот се поврзувал со земниот, материјален концепт.
Еден од најстарите прикази на овој мотив, пронајден на урнатините на храмот Гобекли Тепе во Турција, датира од 12 век п.н.е., а особено интересен е оној на статуата на Олмек од 9 век п.н.е.: „чантата“ на неа е полна со лековити билки, т.е. опијати за магични обреди. Научниците го поврзаа симболот пронајден во Нов Зеланд со маорскиот мит за херојот кој еднаш се воздигнал кај боговите и се вратил на земјата носејќи три корпи полни со мудрости.