Астролозите откриваат кои хороскопски знаци не се под среќна ѕвезда во периодот од 25 до 31 јули
Овој период ќе биде многу напнат и нималку пријатен. Ќе се борите за вашите права, контрола и повисоки цели. Ќе ви биде тешко да останете присебни и затоа може да избијат разни „војни“ со блиските луѓе.
Овие три знаци нема да имаат нималку среќа или контрола над следниве ситуации:
Лав
Лавовите очекуваат премногу од луѓето околу нив и покажуваат нетрпеливост кон секој кој не ги исполнува овие очекувања. Неделава сте крајно детинести, па поради тоа можни се расправии со некои ваши блиски луѓе.
Бидејќи сте нервозни, ќе се расправате и кога другите се во право и нема да им попуштите. Всушност, оваа недела си правите пекол со тоа што ќе дозволите егото да владее со вашето однесување и да не ви дава мир.
Шкорпија
Работите ви одат прилично глатко до втората половина од неделата, а потоа почнувате премногу да се фокусирате на некои грди спомени и работи од минатото. Можно е да ви претстои некое непријатно сознание од некој стар познаник, но од вас зависи како ќе реагирате на тоа. Поголемиот дел од неделата ќе бидете прилично несреќни и лути.
Имајте на ум дека од вас зависи колку ќе дозволите таа негативност да ве обземе. Ако ви треба поддршка, обратете се кај вашите пријатели.
Јарец
Во неделата од 25 до 31 јули ве очекуваат тензии во односите со партнерот. Веќе некое време имате проблем со неговото егоцентрично однесување и не знаете како да се справите со тоа. Размислувате да раскинете и тоа е веројатно најдобрата опција доколку ви се чини дека вашиот партнер има повеќе маани отколку доблести.
И уште нешто, не дозволувајте неговото однесување да ве натера да се сомневате во себе, туку обидете се да ја погледнете ситуацијата од повеќе агли за да ја донесете вистинската одлука.