Психолозите тврдат дека луѓето со кафени очи сакаат да уживаат во сите привилегии на животот. Откриле дека испитаниците кои имаат кафени очи, покажале посилна желба за исполнет живот.
Дури се верува дека луѓето со кафени очи полесно ја освојуваат довербата на другите луѓе, односно влеваат поголема доверба кај соговорникот. Ова резултира со подобра комуникација и подобри односи со луѓето.
Затоа, психолозите велат дека луѓето со кафени очи имаат поширок круг на пријатели. Оваа боја на очите е поврзана и со добрата енергија.
Од друга страна, луѓето со кафени очи се сметаат за почувствителни од другите. Тие, исто така, подобро ги разбираат чувствата на другите луѓе и се поемпатични. Затоа, тие се сметаат за многу емотивни луѓе кои подобро сочувствуваат со останатите.
Жените со кафени очи оставаат впечаток на личност која знае да сака и да се грижи за најблиските. Сè на сè, луѓето со кафени очи заземаат важни места во животот на нивните пријатели и семејството, носат љубов и позитивна енергија, каде и да отидат!