Оревите се омилен додаток на колачи и пити, но треба да се јадат и самостојно. Постојат многу причини зошто треба веднаш да ги вклучите во секојдневната исхрана.
Количината што треба да се внесе е незабележлива, а ефектот врз целокупното здравје е неверојатен. Вклучете 5 ореви дневно во вашата дневна исхрана и ќе ги добиете овие здравствени придобивки:
– зголемен број на сперматозоиди кај мажите
– намален ризик од дијабетес
– превенција од рак
– ги намалуваат шансите за развој на срцеви заболувања
– го поддржуваат здравјето на мозокот
– намалување на холестеролот
– ја зајакнуваат косата, кожата и ноктите.
Го снабдуваат организмот со хранливи материи и витамини, а со тоа го снабдуваат организмот со гориво до следниот оброк. Оревите се познати и како стабилизатори на стресот.
Антиоксидансите во оревите го зајакнуваат срцето и се борат против слободните радикали за кои е познато дека предизвикуваат срцеви заболувања. Омега-3 масните киселини ги намалуваат чувствата на депресија и симптомите на ADHD.
Органите почнуваат да работат поефикасно, со што се спречува затнувањето на артериите и други негативни ефекти врз здравјето. Ако се консумира умерено, нема да предизвика зголемување на телесната тежина, туку наместо тоа, ќе го поддржи здравјето, ќе ја регулира тежината и големината на струкот.