При изборот на бојата на облеката потрудете се да ги изберете нијансите во кои најдобро се чувствувате, бидејќи тоа пред се ќе поттикне позитивна енергија.
Што симболизира црната боја?
Најчесто луѓето ја поврзуваат во духовна смисла со негативна енергија и тага, а според источниот фенг шуи, црната боја има многу врска со водата.
Експертите сметаат дека тоа се должи на фактот што црнилата ја рефлектираат длабочината и бесконечноста на водениот елемент. Гардероба од потемни нијанси во фенг шуи се толкува како знак на стабилност.
Ако имате важен состанок или многу важна задача или работа, носете повеќе црно. Сепак, експертите за фенг шуи предупредуваат дека не треба да се облекувате од глава до пети во црно, туку внимателно да ја дозирате оваа боја.
Црната боја го подобрува ефектот на другите бои, па затоа е подобро да не биде примарна.