Како да препознаете кога некој ЛАЖЕ? Внимавајте на овие ОДНЕСУВАЊА, ќе ви кажат повеќе од илјада зборови

popara21 јули, 20241min00
Screenshot_1

За жал, на луѓето кога лажат не им расте носот како на Пинокио, за да можеме лесно да увидиме што се случува. Затоа, прочитајте што велат пет странски експерти, во врска со симптомите по кои можете да препознаете дека некој не ви ја кажува вистината.

 

 

Однесувањето или тонот на гласот радикално се менуваат

 

Како инспектор, прво нешто што се обидувам да дознаам, е каков е вообичаениот стил на зборување на некоја личност. За да го сторам тоа ù правам интервју, во кое ù поставувам прашања, на кои веќе го знам одговорот, како на пример „Име и презиме?“ или „Каде живееш?“. Некои луѓе се поживи по природа и зборуваат многу брзо. Други, се повоздржани. Кога ќе сфатам за каков тип на личност станува збор, почнувам да ù поставувам прашања на кои не го знам одговорот. Доколку однесувањето на личноста ненадејно се промени, од смирена кон вознемирена состојба или од енергична кон помирна состојба, тогаш постојат шанси дека не ви ја кажува вистината. – Грег Меккрери, пензиониран ФБИ агент и криминалистички аналитичар во Фредериксбург, Вирџинија

 

 

Личноста одбегнува да започнува реченица со „јас“

 

Во моето истражување, открив дека кога луѓето кажуваат лаги, имаат тенденција поретко во реченицата да ги употребуваат зборовите „јас“ и „мене“, во однос на луѓето кои се искрени со вас. На тој начин, лажговците ќе зборуваат за себеси, изразувајќи се во 3л. еднина: „Оваа девојка обожава да скија“ или уште повеќе ќе го скратат јазикот: „Џезот е кул жанр на музика“. Ќе се изразат така, за психолошки да се оддалечат себеси од лагата. – Џефри Хенкок, вонреден професор по комуникациски науки на универзитетот Корнел, кој го проучува онлајн лажењето

 

 

Личноста има одговор за сè

 

Повеќето луѓе кога ќе ги прашате што правеле мината седмица, ќе подзастанат за да размислат и да се сетат. Тоа особено важи за тинејџерите, кои најчесто немаат толкав капацитет инстантно да ја ви раскажат приказната во детали. Кога викнав едно дете во мојата канцеларија, тоа изгледаше сосема спремно да одговори, без ни малку да се двоуми пред да го одговори прашањето. Со тоа веднаш се издава себеси дека не ја кажува вистината. – Џулија Чанг, работи како просветител веќе 16 години, прво предавала во средно училиште во Лос Анџелес, а сега му е асистентка на директорот во округот Вестчестер, во Њујорк

 

 

Личноста почнува да мрда и да се возбудува без причина

 

Доколку некој почне одненадеж да демонстрира некоја физичка активност, која изгледа беспричинска, како на пример прекумерно пребришување на очилата за гледање, повеќекратно преврзување на врвките од чевлите или упорно бришење на масата со крпа, која веќе е чиста, тогаш тоа може да значи дека ви кажува лага. Вината и нервозата која ја чувствува бидејќи ве лаже, прави да се чувствува неуморно. Ова може особено да важи, доколку личноста лаже некој кого сака. Кога личноста го лаже сообраќајниот полицаец, можеби нема да се вознемири премногу, но кога го лаже својот брачен партнер, верувајте дека нема да може да остане рамнодушна. – Барбара Мичел, терапевт за врски, со 34-годишно искуство.

 

 

 

Личноста постојано ја прокламира својата искреност

 

За да ни ја „продадат“ чесноста на нивните одговори, лажговците честопати користат фрази со кои ја нагласуваат валидноста на нивната изјава, како на пример: „Искрено да ти кажам“ или „Ако сакаш најискрено да ти кажам“. На ваквите вербални предупредувања, може да се додадат и оние кои повикуваат на религиски чувства, како на пример: „Ти се колнам во Библијата“ или „Само Господ ми е сведок“. Повеќето искрени луѓе, обично немаат потреба да одат толку далеку, во своите искажувања. – Џозеф Бакли, претседател на компанијата „ John E. Reid and Associates“ во Чикаго, која се занимава со обучување на полициски инспектори

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag