За зачудувачки изглед
Во последно време на социјалните мрежи се појавуваат бројни нови совети поврзани со шминкањето, за да се постигне многу подобар ефект со едноставни препарати кои сите дами ги имаат во несесерот.
Сите знаеме колку мала промена во начинот на користење на нешто може да го подобри целиот изглед, а се чини дека ниту еден производ не му дава на женскиот изглед поголема заводливост и сензуалност од маскарата.
Ако не ги добивате посакуваните резултати со маскарата, можеби ќе сакате да го испробате овој трик од Инстаграм.
Видеото може да го погледнете ОВДЕ.
Затоа, за максимален ефект, обидете се да ја закосите маскарата. Прво, само поминете преку трепките, а потоа нанесете маскара хоризонтално од коренот до врвот, малку виткајќи ги трепките околу четката.
На овој начин рамномерно ќе ја нанесете, а трепките нема да се лепат една до друга. Покрај тоа, шминката ќе трае подолго и ќе ви даде сензуален поглед кој соборува од нозе.
Покрај сето тоа, се препорачува и прво да се измиете темелно, посветувајќи посебно внимание на очите.