ЛЕНЕНОТО брашно е повеќе од здраво: Ги чисти ЦРЕВАТА и го забрзува метаболизмот, а еве како да го користите

popara28 јули, 20221min00
brasno

Додадете го во подготвеното јадење

Лененото семе е многу здраво за луѓе со стомачни проблеми бидејќи содржи слуз што ја обложува слузокожата.

Покрај тоа, помага при слабеење и отстранување на токсините од телото.

Лененото брашно во исхраната можете да го користите на различни начини, а ова се само некои од нив:

  1. Во појадокот додадете една лажица ленено брашно.
  2. Кога подготвувате сосови, додадете една лажица ленено брашно.
  3. Помешајте лажица ленено брашно со 25 мл кефир или јогурт.
  4. Додадете малку ленено брашно во тестото за леб или колачи.

Со оглед на тоа дека лененото брашно е богато со влакна, се препорачува секогаш да се консумира со многу течност.

Побрз пат до рамен стомак:

Ако се обидувате да изгубите тежина или да ги подобрите вашите навики во исхраната, лененото брашно треба да биде една од намирниците кои редовно се вклучени во вашата исхрана. Богато е со хранливи материи, има многу лековити својства и е одлична замена за белото брашно.

Не содржи глутен и е идеален за луѓе на кои глутенот им предизвикува здравствени проблеми. Често се користи за подобрување на варењето и ублажување на запек. Може да помогне и во намалување на лошиот холестерол и на тој начин да го подобри здравјето на срцето и крвните садови.

Лененото брашно е богато со влакна кои го стабилизираат нивото на шеќер во крвта. Содржи дури 25 отсто од нив, од кои 12 отсто е специјална слуз која го намалува холестеролот. Лененото брашно има лаксативно дејство, а со тоа ги чисти цревата од наслаги и токсини и го поттикнува растот на добрите бактерии.

Содржи и лецитин, кој помага во разградувањето на нездравите масти во дигестивниот тракт, а влакната и слузот ги врзува за себе и ги елиминира од телото, спречувајќи го нивното задржување во организмот.

25 проценти од лененото семе се состои од високо употребливи протеини со целосен профил на аминокиселини. Лененото брашно, исто така, му дава на телото витамин Б, калиум, магнезиум и цинк – неопходни за слабеење.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma