Иако на интернет можеме да најдеме бројни совети за тоа со кои намирници можеме да се освежиме и каква храна треба да се јаде во лето, важно е да се знае која храна не е пожелна да се јаде за време на топлите денови и зошто.
Имено, летото е време кога ни одговара лесна и освежителна храна, а на топло време е добро да избегнуваме намирници кои нема да не освежат, туку да го направиме токму спротивното.
Многу луѓе сакаат да користат зачини, но внимавајте да не претерате. Ниту во лето, ниту во зима не е добро да се претера со зачините, бидејќи тие ја креваат телесната температура, затоа што го стимулираат нашиот метаболизам.
Заедно со зачините, тука е и месото, како и сосовите од месо. Тешките сосови, дури и од морски плодови, можат да предизвикаат прекумерно потење и дигестивни проблеми. Особено во лето, препорачливо е да се избегнува мрсна брза храна, пржена, чадена и зачинета храна, бидејќи може да биде со сомнителна свежина, што може да предизвика труење, како и проблеми со дигестивниот систем.
Уште една од намирниците која обично одлично ни одговара со чаша црвено вино е сирењето. Покрај тоа што е калорично, ќе направи да се чувствувате надуено и тромо, па затоа е подобро да го намалите неговиот внес за време на летните денови.