Медицината има едно, а народот друго верување – Што значи кога ви „игра“ окото?

popara29 јули, 20221min00
strano-telo-sistina-oftalmologija-1-1024x535

Дали често ви се случува окото да ви „игра“?

Иако оваа појава е безопасна, „играње“ на окото може да биде многу непријатно. Лекарите имаат свое објаснување за оваа појава, а народот има верувања кои велат дека нешто добро или лошо ќе ни се случи…

На Балканот, но и во други земји постојат верувања поврзани со оваа појава, а еве што велат.

Во Кина се верува дека играње на левото око е знак за среќа, додека за играње на десното око се верува дека претставува лош знак.

На Хаваите има тотално поинакво значење, така што играњето на левото око значи дека во семејството ќе дојде непозната личност, но ако игра нон-стоп, значи дека семејството може да се распадне.

Индијците играњето на левото око го сметаат за знак на лоша среќа, додека десното трепкање претставува среќа, сосема спротивно од верувањата во Кина.

Верувањата на Балканот

Некои луѓе тврдат дека играњето со десното око претставува исполнување на сите желби што сте ги замислиле, додека играње на левото претставува лош знак.

Но, постои и верување дека доколку и трепери левото око на една жена, тоа претставува повторно обединување со маж кого долго време не го видела, па се претпоставува дека тоа е добар знак, бидејќи за време на војните, жените биле загрижени дали нивните сопрузи ќе се вратат живи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma