Хороскопски знаци кои немаат среќа во љубовта: АСТРОЛОГИЈАТА открива зошто е тоа така

popara29 јули, 20221min00
horoskop-696x453

Бик

Биковите кои се во долга и стабилна врска често не се грижат за себе. Тие се чувствуваат удобно, па претеруваат со храна и пијалоци и не обрнуваат внимание на својот изглед, кој може да биде крајно непривлечен. Понекогаш се премногу мрзливи за романса и го земаат партнерот здраво за готово. Нивната тврдоглавост е најголемата пречка во врските. Биковите имаат тенденција да го обвинуваат партнерот за грешките и упорно да ги започнуваат истите расправии, од кои на сите им здосадува.

Лав

Големото его на Лавот е нешто со кое тешко се справува. Не е лесно да се живее со личност која е навредена од секоја ситница и која е подготвена да не разговара со партнерот со денови поради тоа што е навредена. Тие се ставаат себеси на прво место, што на крајот станува голем проблем. Не знаат да признаат грешка и имаат тенденција да флертуваат, па понекогаш партнерот не се чувствува безбедно.

Скорпија

Скорпиите секогаш одат на сè или ништо, па затоа не е лесно да бидете во чекор со нив. Во врската стануваат љубоморни и посесивни, па често го гушат партнерот. Покрај тоа, тие се мистериозни, па саканата личност секогаш има чувство дека Скорпијата нешто крие и дека не е целосно искрена со нив. Лоши се и никогаш не простуваат, а малиот конфликт редовно го претвораат во долготрајна расправија полна со обвинувања и обиди за емоционална манипулација.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma