Ако со гнев се присетувате на бившите, сигурно барем еднаш сте се запрашале зошто секогаш завршувате со погрешен човек. Постојат неколку можни причини за тоа, а добрата вест е дека не може да влијаете на сè, но може да влијаете на личниот избор.
Еве неколку причини поради кои привлекувате лоши момци:
- Се плашите од самотија
Ако поради страв од осаменост секогаш им давате шанса на момци кои не ве заслужуваат, запомнете дека секогаш е подобро да сте сами отколку во врска со некој кој не ве почитува.
- Сакате да го „поправите“ во подобар човек
Едно е да му дадете шанса на некој кој не е совршен, но сосема друго е континуирано да бирате мажи кои сакате да ги поправите бидејќи нешто им недостига. На таквите често им недостасува и потреба да бидат добри кон личноста која е покрај нив.
- Синдром на грдо пајче
Ако мислите дека едноставно не заслужувате некој кој ќе биде добар кон вас и дека не може да најдете подобар од оној кој ви нанесува болка, тогаш дефинитивно страдате од овој синдром.
- Ви е страв да го барате тоа што го заслужувате
Дури и ако знаете дека заслужувате нешто подобро, тоа не значи ништо ако се плашите да инсистирате на тоа. Тоа е само знак дека ви недостига самодоверба, а кога им дозволувате на другите да ве третираат лошо, тешко дека нешто ќе промените.
- Мора да бидете со некого
Многу жени влегуваат во врска само за да не ги сметаат за чудни или непосакувани. Ако ви е помалку важно каков тип на човек е, а многу ви е поважно да имате некого, во животот ќе бидете опкружени со луѓе кои дефинитивно не треба да бидат покрај вас.