Една нова студија покажа дека едно од 20 лица заразени со Ковид, може трајно да го изгуби чувството за мирис или вкус.
Повеќе од милион луѓе во моментов имаат долгорочни проблеми предизвикани од Ковид, а една студија проценува дека 5-6 отсто од пациентите можеби никогаш нема да го вратат чувството за мирис, додека 4,4 отсто може трајно да го изгубат чувството за вкус.
Губењето на овие сетила беше доста честа појава за време на некоја вирусна инфекција, но со појавата на Ковид за прв пат се соочуваме со фактот дека сетилата на пациентите не се враќаат со недели, месеци, па дури и со години по инфекцијата.
Научниците од Универзитетот во Сингапур ги провериле податоците од 3.700 пациенти кои го изгубиле чувството за мирис и вкус поради Ковид за да видат дали закрепнале со текот на времето.
На три четвртини од нив им се врати чуството за мирис во рок од еден месец, но студијата вели дека голем дел од нив може да развијат долгорочна дисфункција. Дополнително, тие додаваат дека жените имаат поголема веројатност да претрпат трајно оштетување на овие сетила.
Во Англија, дури 1,6 милиони луѓе страдаат од продолжен ковид, а д-р Кирен Колисон вели дека продолжениот ковид може да биде катастрофален за оние што живеат со него.