Секој хороскопски знак доаѓа во пакет со одредени недостатоци и доблести, но кога станува збор за интелигенција, два знака се издвојуваат, иако со сосема различни типови на интелигенција.
Од сите хороскопски знаци, Водолијата ја карактеризира она што прво ни паѓа на ум кога ќе го слушнеме терминот „интелигенција“.
Водолиите имаат префинети когнитивни способности, па астролозите тврдат дека ги краси највисоко ниво на аналитичка интелигенција. Токму поради оваа причина, тие се истакнуваат во сè што бара генијален ум, а спектарот на работни места совршени за нив мора да нуди разновидност, редовно нови предизвици, слобода и разиграност на умот. Од истата причина, тие презираат се што е поврзано со монотонијата, повторување и (досадната) рутина.
Скорпијата е уште еден хороскопски знак на чија интелигенција многумина би и позавиделе. За разлика од Водолијата, Скорпиите се познати по својата интелигенција, благодарение на која совршено го разбираат светот околу себе, а луѓето, врските и секоја животна ситуација ги перцепираат многу пореално од кој било друг знак.
Нивната остроумност и проникливост можат да бидат тежина кога се среќаваат со површни луѓе, но затоа, кога ќе им се дозволи да работат во средина која најмногу им одговара, може да се очекуваат само одлични резултати.