Кога купувате очила за сонце, не треба да потрошите огромна сума на пари за да го купите моделот кој совршено ви одговара. Важно е да изберете модел кој одговара на обликот на вашето лице и ќе изгледате привлечно и модерно. Како да изберете совршени очила за сонце, според обликот на вашето лице?
Очилата понекогаш знаат да бидат многу скапи, па луѓето мислат дека ќе изгледаат убаво на нив. Тоа воопшто не мора да биде така. Понекогаш без многу мака и без да потрошите многу пари можете да ги најдете очилата кои ви одговараат, само треба да ги следите следните совети.
Доколку имате тркалезно лице, треба да изберете модел кој ќе го издолжи вашето лице. Избегнувајте округли очила, иако сега се многу популарни. Најмногу би ви одговарал широк модел со квадратна рамка.
Овалното лице е најпогодно за избор на очила за сонце. На луѓето со ваква форма на лице им одговараат речиси сите модели на очила, но ако ви е тешко да се одлучите – изберете малку квадратна рамка со заоблени рабови и нема да погрешите.
Ако имате долгнавесто лице, треба да го направите да изгледа пократко. Квадратни и тркалезни очила со поголеми димензии се можеби најдобриот избор за ова.
Таканаречените „пилот“ очила или некоја форма која има необичен изглед за да го фокусира вниманието на очите, се најпогодни за широк облик на лице.
Што се однесува до квадратната форма на лице, потребни ви се очила за сонце кои ќе ги омекнат тие квадратни црти на лицето, а најдобар избор се големите тркалезни или овални очила со темни стакла.