Кога ќе ви здосади да мачкате џем од сливи на леб, искористете го за да направите вкусни слатки. Вкусен ролат со џем од сливи ќе биде идеално уживање за викендот
Состојки:
три јајца
180 гр шеќер
110 гр брашно
една лажица мед
220 гр џем од сливи
Подготовка:
Белките се матат со миксер додека не се стегнат, постепено додавајќи шеќер. Потоа додадете ги жолчките една по една и соединете со жица за матење.
Потоа додадете го брашното со прстофат сол и мед, измешајте, а добиената смеса истурете ја во плех обложен со хартија за печење.
Се пече во рерна на 180 степени 12 минути. Префрлете го пандишпанот на чиста влажна крпа, свиткајте во ролат и оставете да се излади. Внимателно одмотајте, премачкајте со џем, па повторно завиткајте.
Пријатно!