Намирница што ја ублажува УРИНАРНАТА ИНФЕКЦИЈА: Пијте го напитокот СЕКОЕ утро, но не го користете повеќе од ЕДНА НЕДЕЛА

popara30 јули, 20221min00
17566_shutterstock-1310213251_f

Инфекциите на уринарниот тракт се чести, особено кај жените, а сода бикарбоната може значително да помогне.

Инфекциите на уринарниот тракт се чести во текот на годината, но секако се почести во летниот период. Причината за тоа е пливање во езера, базени и други води, долго време носење мокри костими за капење, недоволно внесување течности, одложување на мокрењето и многу други причини.

Тоа е многу чест проблем кој се јавува кога микроорганизмите кои вообичаено живеат во урогениталниот тракт и цревата ќе стигнат до мочниот меур. Повеќе од 90% од сите инфекции на уринарниот тракт се предизвикани од бактеријата ешерихија коли, која природно се наоѓа во вашите црева.

Една лажичка сода бикарбона растворена во чаша вода може да ги ублажи симптомите на уринарна инфекција, бидејќи има способност да го намали нивото на киселост на урината. Како и солта, сода бикарбоната е моќен природен антисептик кој брзо ги отстранува воспаленијата и успешно се бори против бактериите.

Инфекциите на уринарниот тракт многу почесто ги погодуваат жените, а за тоа има и анатомско објаснување. Несаканите бактерии полесно влегуваат во женскиот мочен меур поради многу пократката уретра. Инфекцијата најчесто се јавува кај девојчиња кои штотуку започнале сексуални односи и кај жени во менопауза.

Секој од нас барем еднаш во животот ги почувствувал непријатните симптоми на уринарна инфекција:

– присуство на болка и печење за време на мокрењето,

– често мокрење,

– нагон за мокрење без појава на урина или само со мокрење неколку капки,

– болка во пределот на гениталиите или долниот дел на стомакот,

– промена на бојата на урината – темна, заматена урина, со можно присуство на посилен, непријатен мирис,

– крв во урината (траги, згрутчување),

– кај потешките форми на инфекција, присуство на покачена температура со треска и болка во долниот дел на грбот.

Ако ги имате овие симптоми, започнете со лекување што е можно поскоро, бидејќи премногу одложување може да предизвика бактериите да стигнат до бубрезите и да предизвикаат уште повеќе компликации.

Во 2,5 dl вода додадете 1 лажичка сода бикарбона и убаво измешајте. Испијте ја целата чаша. Најдобро е да ја испиете наутро.

Не користете сода бикарбона континуирано повеќе од една недела. Нејзината употреба не се препорачува за оние кои мораат да внимаваат на внесот на сол бидејќи оваа намирница содржи многу натриум.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma