Со нив не треба да ризикувате: Колку долго можат печурките да останат во фрижидер без да се расипат?

popara30 јули, 20221min00
pecurke

Расипаните печурки можат да бидат многу опасни по здравјето

Печурките спаѓаат во групата на многу чувствителни намирници кога станува збор за надворешно влијание врз брзината на расипување.

Никогаш не треба да заборавите дека расипаните печурки можат да бидат многу опасни по вашето здравје и затоа треба да бидете многу внимателни.

Кај високо чувствителните индивидуи, дури и печурките, кои се безопасни за повеќето, може да предизвикаат благо труење со повраќање и дијареа.

Печурките можат да останат во фрижидер само неколку дена и тоа само доколку се чуваат на правилен начин. Ставете ги во хартиена кеса, а потоа во поголема најлонска кеса која ќе ја пробиете на неколку места, за да има проток на воздух.

Пред да ги исецкате и ставите во фрижидер, не треба да ги миете, бидејќи така само ќе се забрза нивното расипување. Ладниот воздух ќе ја зачува свежината на печурките неколку дена, но не треба да ризикувате да ги чувате подолго од 2, максимум 3 дена.

Се препорачува да ги држите подалеку од намирници со интензивен мирис, бидејќи печурките кои имаат појака арома лесно ја впиваат. Ако има и најмал знак дека се расипале, се препорачува веднаш да ги фрлите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma