Да се разбереме, не можете да го забрзате растот на косата за десет сантиметри повеќе месечно, бидејќи на крајот на краиштата, брзината на раст на косата не зависи само од тоа како се грижите за неа, туку најмногу зависи од гените.
Еве на што треба да обрнете внимание и што можете да направите:
Обрнете внимание на исхраната
Храната што ја внесуваме во организмот, минералите и витамините се од големо значење како за нашиот изглед, така и за растот на косата. Неопходно е да се консумира одредена количина на витамини од групата Б, железо, цинк како и протеини.
За дополнителен ефект, барајте таблети со хлорофил во добро снабдени аптеки, секако на природна база. Доколку вашата исхрана не е доволно урамнотежена со горенаведените витамини и минерали, консултирајте се со вашиот лекар за да ви препише некои од витаминските комплекси, кои може да се купат во аптека, кои покрај придобивките за вашата коса, ќе имаат и корисен ефект врз целото тело.
Пилинг на скалпот
Ова ни звучи сосема логично. Ако практикуваме пилинг за кожата, зарем тоа нема да му помогне да се ослободи од вишокот нечистотии кои ги затнуваат порите и ја спречуваат кожата да дише, тогаш зошто да не го правиме истото и за кожата на главата? Пилинзи за скалпот, како и шампони за детоксикација кои ќе го ослободат коренот на косата од се што ја гуши, ќе ги најдете во добро снабдените фризерски салони, а може да се нарачаат и онлајн.
Кофеинот е ваш сојузник
Германски тим на истражувачи од Универзитетот Либек откри дека кофеинот им помага на корените на косата со блокирање на DHT (дихидротестостерон), хормонот одговорен за оштетување на фоликулите и го забрзува растот на косата за дури 25 проценти. За жал, не можете да ја постигнете ефикасноста на кофеинот со пиење обилни количини кафе, но затоа постојат производи за нега на коса кои исто така содржат кофеин.
Затоа следниот пат обрнете внимание на списокот со состојки на шампонот и регенераторот што планирате да ги купите.