Ова се ПРВИТЕ симптоми на РАК на коските: Многумина ги игнорираат и ги припишуваат на ЗАМОР, а можат да ви го спасат ЖИВОТОТ ако навреме ги забележите

popara16 септември, 20231min00
5735_grcevi-shutterstock-357388523_f

Оваа болест често започнува без симптоми, но пациентот може да прeпише некои од нив на други причини и да не реагира на време

Првиот знак што укажува на рак на коските е болката, а многу луѓе мислат дека страдаат од артритис поради болки во коските и на тој начин го игнорираат овој симптом. Ракот на коските се јавува кога се формираат малигни клетки кои ги уништуваат коските.

Овој рак може да се развие во која било коска во телото, а најчесто ги погодува долгите коски, како што се коските на нозете и рацете. Постојат три типа на рак на коските: остеосарком, кој главно ги погодува децата и адолесцентите, Јуинг-овиот сарком, кој се јавува главно на возраст од 10 до 20 години и хондросарком, кој главно се јавува кај постарите лица.

Симптом кој укажува на рак на коските е болка која на почетокот е поднослива, но со текот на времето се зголемува и најмногу се зголемува кога пациентот ќе легне да спие. На болеста упатува и висока температура над 38 степени, зголемено потење особено ноќе и нагло слабеење.

Овие симптоми може да укажуваат и на некои безопасни состојби, но ако тие се појавуваат често и се поврзани, веднаш треба да одите на лекар.

На рак може да укажуваат и слаба подвижност, скршеници поради полесни повреди, додека општата состојба на пациентот е лоша поради анемија и нагло слабеење.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma