Токму кога мислиме дека не може да бидеме изненадени од такви работи, доаѓа моден додаток кој го рекламира познатата старлета, а всушност е бесмислен.
Имено, старлетата Ким Кардашијан во својата колекција за на плажа, освен костими за капење, продава и ракавици за капење кои допираат до лактите и чинат 48 долари.
Може да се најдат во седум различни бои, големините се движат од XXS до 4XL, а ракавиците се направени во голи, црни, кафеави, бели, па дури и розови нијанси.
Иако продажбата оди добро, многумина не се воодушевени бидејќи не само што е непотребен додаток, туку е и непрактичен и поради нивното носење би останале траги од сончањето по носење.
Што мислите за овој моден детал?