Трагичниот живот на Ејми Вајнхаус прикажан на филм: Целата вистина ќе биде изнесена на виделина!

popara31 јули, 20221min00
profimedia-0597375129-725x476

Сем Тејлор-Џонсон, режисерот на глобално популарниот филм „Fifty Shades of Grey“, ќе режира биографски филм за познатата пејачка Ејми Вајнхаус, наречен „Back to Black“.

Дивата на британската музичка сцена и 11 години по нејзината трагична смрт продолжува да го привлекува вниманието на публиката и медиумите. Поради тоа и се јави идејата да се прикаже нејзиниот живот на големото платно, но овој пат во игран филм.

Документарниот филм за животот на Ејми Вајнхаус наречен „Amy“, кој беше објавен во 2015 година, постигна голем успех во светски рамки и го покажа раскошниот талент на пејачката, но и нејзината долгогодишна борба со пороците. Она на што е посветено големо внимание е односот со нејзиниот татко Мич Вајнхаус, кој е прикажан во негативно светло.

Во играниот филм „Back to Black“, според британските медиуми, Мич ќе биде претставен на поинаков начин, но засега нема дополнителни детали. Сценариото на играниот филм, студиото „Студиоканал“ го чува во строга тајност, но познато е дека продуцентите се во потрага по главните актери.

Според првите информации, режисерот се надева дека ќе најде некој кој е релативно нов во актерскиот свет за улогата на Ејми Вајнхаус. Она што влева надеж дека овој филм верно ќе го прикаже животот на Вајнхаус е фактот дека Џонсон и бил близок пријател.

Сценариото за филмот „Back to Black“ го напиша Мет Гринхалг, кој соработуваше со Тејлор-Џонсон на филмот „Nowhere Boy“, додека оваа продукција ќе ја продуцираат Алисон Овен и Дебра Хејворд, заедно со Трејси Сиворд.

Биографскиот филм за животот на пејачката се работи веќе неколку години, а во целата приказна од почетокот беа Алисон Овен и Дебра Хејворд, додека договорот за филмот го потпиша претставникот на Вајнхаус во 2018 година, со сценарио напишано од писателот Џеф Дин.

Иако, порано се шпекулираше дека Лејди Гага би можела да биде во главната улога, набрзо беше демантирано дека познатата пејачка воопшто е земена во обзир.

Вајнхаус го одржа својот последен настап на 18 јуни во Белград пред многубројна публика, но беше исвиркана набргу откако се обиде да ги изведе своите најпознати хитови.

Тогаш беше очигледно дека алкохолот и дрогата полека го земаат својот последен замав и дека таа е во многу лоша состојба. Ејми почина еден месец подоцна во родниот Лондон, оставајќи армија обожаватели да се справат со загубата на саканата ѕвезда.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma