Трик за шминкање кој ќе ве воодушеви: Го применуваат ПРОФЕСИОНАЛНИTE ШМИНКЕРИ, а чини НУЛА денари

popara31 јули, 20221min00
3670_hanen-souhail-dlws1tzvsdy-unsplash_f

Течната пудра е основен елемент во скоро секој женски козметички несесер, а бидејќи повеќето од нив ја користат секој ден, често имаат само едно барање при изборот – да не е премногу тешка и да изгледа природно, но сепак да има фина покривна моќ.

Популарниот експерт за шминкање Вејн Гос откри трик кој гарантира дека вашата пудра без разлика на структурата ќе изгледа природно и еднолично на лицето, а нема да има ефект на маска.

Овој трик е многу едноставен, а се што ви треба е да додадете капка или две од некое масло при нанесување на пудрата.

Гос препорачува тоа да биде масло од бадем или јојоба, но нагласува дека тоа може да биде било кое друго бјути масло.

Кога ќе додадете масло во пудрата, таа ја менува текстурата, станува помазна и многу полесно се нанесува на лицето и делува свиленкасто. Уште една предност е тоа што ќе ви треба помала количина, а тенот ќе изгледа блескаво, беспрекорно и сосема природно.