Не треба да плаќате дополнителни пари
Кога домот ни мириса убаво, делува смирувачки и остава добар впечаток кај сите што престојуваат во него.
Марлин, една од корисниците на TikTok, покажа како се користи правосмукалка за да остави убав и пријатен мирис во домот по чистењето.
Сè што треба да направите е да ја отворите правосмукалката, да го извадите филтерот и да го испрскате со освежувач, па повторно да го вратите во правосмукалката.
Некои во коментарите предложија користење етерични масла наместо освежувачи на воздух: „Ставив неколку капки есенцијално масло на филтерот и навистина прави чуда. Имам кучиња и куќата постојано мириса на нив“.
Многумина беа воодушевени од оваа идеја, што можеше да се прочита во коментарите.