Дали знаете како правилно треба да го користите телефонот за време на летото?

popara1 август, 20221min00
Wiko-U30-18

За време на летото различни фактори можат да влијаат на нашите телефони – прегревање, песок или едноставно, не можете да ги прочитате пораките поради премногу сонце, затоа бидете подготвени со помош на нашите совети!

Прегревање на телефонот
Можеби сурфањето на интернет додека се сончате на плажа изгледа како добра идеја, но нашите телефони воопшто не уживаат во топлината. Напротив, внатрешните делови и LCD екраните се чувствителни на прекумерна топлина, а изложувањето на телефонот и прегревањето на директна сончева светлина, може да предизвика непоправлива штета.

Изложувањето на уредот на високи температури може да предизвика ненадејно исклучување на телефонот, откажување на батеријата или поголем дефект.

Што да направите: Погрижете се телефонот да не остане долго време на сонце. Ако мислите дека вашиот уред е потопол од вообичаено, затворете ги сите апликации, вклучете „штедење енергија“  и ставете го телефонот во сенка. Ако ова не помогне, исклучете го, за да спречите оштетување на батеријата.

Тешко читлив екран
Кога сонцето е силно, понекогаш не можеме да одлучиме дали воопшто да го отклучиме екранот или не. Честопати чекаме да стигнеме до сенка за да го користиме телефонот или да го покриеме со рака за да видиме што пишува на екранот.

Што да направите: Зголемувањето на светлината на екранот ќе ни помогне да читаме пораки и да прелистуваме слики дури и на директна сончева светлина. На самиот врв на екранот, има опција за прилагодување на истата. Имајте предвид дека поголемата осветленост користи повеќе батерија, па затоа е добра идеја да ја вратите на помало ниво, кога ќе дојдете во сенка. Многу уреди имаат автоматско прилагодување на осветленоста, што ја прилагодува со помош на сензор, во зависност од условите на светлината, така што не морате да ја прилагодувате. Вклучете ја опцијата.

Вода и песок
Честопати велиме дека нема да ги користиме телефоните во близина на вода, но на одмор и воопшто во текот на летото, сепак се трудиме да направиме по некое видео во близина на вода.

Водата може само да го испрска телефонот, додека во најлош случај, телефонот може да ви падне во водата, и- упс! Дури и да не правиме вакви грешки, веројатно ќе го однесеме телефонот на плажа, за подоцна да најдеме песок во него, да се соочиме со изгребан екран или оштетен заден дел од телефонот.

Што да направите: Ако телефонот ви се намокри, веднаш исклучете го и расклопете го – колку што е можно повеќе. Впивајте ја водата со сува крпа. Можете да го вметнете, според старото верување во ориз. Оризот дефинитивно впива вода и го суши уредот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma