Се огласи првиот сопруг на Џенифер Лопез: Открива нови детали од животот на пејачката, а бракот со Бен го осуди на пропаст!

popara1 август, 20221min00
lopez

Долго време не се појавуваше во јавноста, а сега реши да проговори и да открие неколку детали од животот на познатата актерка и пејачка, токму во моментот кога таа конечно се омажи за Бен Афлек.

– „На неа и на Бен им посакувам се најдобро, но не сум сигурен дека тоа ќе потрае. Џен сака да биде заљубена, но беше верена шест пати до сега. Бен е сопруг број четири. Бев сопруг број еден и таа ми рече дека сум љубовта на нејзиниот живот. Кога лежевме во кревет на првата брачна ноќ, таа ми велеше дека ќе бидеме засекогаш заедно“ – изјави Охани, со кој Џенифер беше во брак една година, а потоа останаа пријатели.

– „Бевме заедно две години, но пријатели речиси една деценија. Често се чувствував како господин Пепелашка. Таа беше најубавата жена што сум ја видел. Отпрвин не знаев која е таа. Се заљубивме кога Џен веќе стана позната, но за време на нашиот брак се претвори во мегаѕвезда. Со години беше премногу болно да се зборува. Сакав да молчам и да го живеам својот живот, но кога видов дека се омажила за Бен, кој е добро момче, чувствата се вратија“ – искрено вели Охани.

По разводот со Охани во 1998 година, Џенифер беше во врска со Шон Комбс, попознат по прекарот Пи Диди. Потоа се омажи за танчерот Крис Џад, се разведе, а потоа го запозна Бен, кој сè уште и е сродна душа, иако животот тогаш имал други планови за неа. Таа беше во брак со Марк Ентони десет години, со кого има две деца.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma