
Овен
Оптоварени сте со работа, а сè ќе ви биде полесно ако ја погледнете ситуацијата од двата агли: од свој и од претпоставениот. Ќе успеете да направите компромис, не грижете се. Среќни сте во љубовта, а следува и неочекувано изненадување од партнерот!
Бик
Конечно успеавте да направите подобра организација и колку и да имате работа, чувствувате некакво олеснување. Можно е да добиете деловна понуда која нема да сакате да ја одбиете. Време е да продолжите кога е љубовта во прашање, не заборавајте дека некој бивш е таму со причина.
Близнаци
Се двоумите меѓу кариера и љубов, а тоа е знак дека нешто не е во ред. Не треба да се откажувате од она што го сакате, само направете листа на приоритети. Партнерот треба да ве поддржи во вашите амбиции, а денес ќе имате долг и донекаде исцрпувачки разговор.
Рак
Емоциите го совладаа вашиот став, токму во погрешно време. На работа мора да научите да кажувате „не“ кога задачите се надвор од вашите можности. Ќе добиете убави вести од член на семејството и еве ја причината за вечерашната прослава!
Лав
Дневниот хороскоп ви предвидува многу возбудувања кога е во прашање социјалниот живот! Сакате да се забавувате и да се дружите, а денес е токму денот за тоа. Уживате во популарноста, за што можете да му се заблагодарите на спротивниот пол, следува нов флерт!
Девица
Време е да земете здив. Секогаш работите напорно, вредно и со максимален труд за да завршите навреме. Ова го забележале и вашите претпоставени, па наградното патување може да биде незаборавно искуство! Земете ја со вас и личноста со која се допишувате подолго време и подгответе се за нова и сериозна љубовна врска.
Вага
Имате среќа што другите многу ви помагаат финансиски, но тоа не е причина да седите и да не правите ништо. Денеска можете да барате отворени можности за нови работни места, а оваа промена одлично би влијаела на вашето расположение. Си го сакате соло статусот.
Скорпија
Повеќе од кога било, заслужувате чекор напред во вашата кариера. Прашајте ги претпоставените дали има можност да напредувате, се чини дека ќе го добиете тоа што го сакате! Помалку да борите со егото на спротивниот пол, бидејќи тоа ќе ви отвори „нови врати“.
Стрелец
Исцрпеноста си го направила своето, па малку потешко се „одмарате“ од работа. Имунитетот е ослабен, затоа потрудете се да го зачувате за празниците. Избегнувајте понатамошни патувања. Конфликтот со партнерот е неизбежен, не можете да се разберете.
Јарец
Ова е поволен ден за склучување имотни договори. Еден пријател ќе ве мотивира да усвоите поздрав начин на живот, кој ќе ве задоволи бидејќи во последно време не сте задоволни со себе. Очекувајте покана за романтична вечера од личноста која ви се допаѓа.
Водолија
Прифаќањето нечија помош на работа може да ви помогне да ги надминете тешкотиите. Парите што доаѓаат од неочекувани извори брзо ќе се потрошат, затоа не се потпирајте на приходите што доаѓаат сами од себе. „Тешки сте“ му на партнерот, преувеличувате поплаки за ситници.
Риби
Недостатокот на самодоверба може да спречи да го дадете својот максимум во бизнисот. Некои од вас можеби планираат да купат возило или некаков апарат, а сега е вистинското време да го сторат тоа. Изненадете го партнерот, ќе уживате во романтичен ден!