
Џони Деп се уште е актуелен по судењето со поранешната сопруга Амбер Херд, а во странските медиуми се појавија информации за неговиот сексуален живот за време на бракот со актерката.
Како што велат адвокатите на Амбер Херд во незапечатени судски документи, Деп страда од еректилна дисфункција, поради што наводно сексуално ја нападнал својата поранешна сопруга.
– Иако г-дин Деп би сакал да не ја открие својата состојба со еректилната дисфункција, таквата состојба е апсолутно релевантна за сексуално насилство, вклучувајќи го гневот на г-дин Деп и употребата на шише со кое Херд била силувана – стои во поднесокот од 28-ми март, а пренесува Дејли Мејл.

Според адвокатите на Амбер, здравствената состојба на Деп придонела за неговото наводно насилно однесување кон Херд. Адвокатскиот тим на актерката тврди дека медицинската состојба на Деп предизвикува тој да стане „лут или вознемирен“, што доведува до лутина и агресија.
– Тоа го нареков лут секс што Џони не можеше баш да го изведе – рече таа и додаде:
– Ќе ме фрли на креветот, тоа го правеше неколку пати, и ќе ме нападне бесно – вели актерката.
Таа, исто така, рече дека Деп поминувал многу време со своите пријатели за пиење, вклучувајќи го и нејзиниот татко Дејвид Херд и музичарот Мерлин Менсон, и дека се враќал дома „уште повеќе сексуално и вербално насилнички настроен“.
Актерката тврди и дека сама финансиски се издржувала за цело време додека таа и Деп биле во врска и покрај неговото инсистирање тој да се грижи за неа.

– Џони сакаше целосно да ме поседува – рече таа.
– Начинот на кој зборуваше за вработените актерки беше презирен. Да се биде актерка беше грев за него – додаде Херд.
Поранешниот пар се упати на суд во април на шестнеделно судење во Вирџинија поради наводите за злоупотреба за време на нивниот брак. Двојката се венча во 2015 година, но се раздели нешто повеќе од една година подоцна, пред официјално да се разведат во 2017 година. Херд тврдеше дека Деп наводно ја малтретирал од 2013 година.