Удобни, практични и ШИК: Кралицата Летиција во плетени сандали кои се НАЈГОЛЕМ хит ова лето

popara3 август, 20221min00
343197_kraljicaleticijaprofimedia0711107587b_ff

Се одлучи за комбинација која може да изгледа одлично на секоја жена.

Шпанското кралско семејство моментално е на заслужен одмор, а патувањето го започнале со посета на Балеарските Острови. Нивниот живот отсекогаш бил интересен за јавноста, па папраците ги следат и на одмор.

Како и секогаш, кралицата Летиција демонстрираше вистински морски стил, не само со облеката туку и со чевлите и чантата. Таа се одлучи за опуштена комбинација, односно здолниште со низок струк, миди должина и лелеаво.

Со неа реши да искомбинира маслинеста блуза со тенки прерамки која одлично го истакна сексипилност на кралицата.

343279_kraljica-leticij-h-57841501_ff
343280_kraljica-leticija-h-57841545_ff
343281_kraljica-leticija-h-57841500_ff

Сепак, најголемо внимание привлекоа нејзините сандали, како и чантата која одлично се вклопи со нив. Плетените чевли се ултимативен хит оваа сезона, а кралицата не ја пропушти можноста да ги спои со веќе споменатата плетена чанта. Не само што се популарни, туку се удобни, шик и многу практични.

Она што го на моделот на чантата што таа го избра е во тоа што е неверојатно практичен и можете да ја носите на плажа, на прошетка, на работа или на кафе со пријателите…

Дали ви се допаѓа нејзиното издание?