Кејт Мидлтон во никогаш пократок шорц: Војвотката ги покажа нозете на кои можат да ѝ позавидуваат многу жени!

popara3 август, 20221min00
catherine-duchess-of-cambridge-during-her-visit-to-the-1851-news-photo-1659272807

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон ретко можеме да ја видиме во панталони, а а камо ли во шорцеви. Во повеќето случаи носи елегантни фустани, поретко здолништа, но факт е дека сме ја виделе и во фармерки, а сето тоа затоа што облеката секогаш ја прилагодува на настаните на кои се појавува.

Факт е дека Кејт Мидлтон откако стана војвотка, немавме можност да ја видиме во ништо што е кратко и ги открива нејзините нозе, туку секогаш избирала облека која е барем над колената или подолга. Затоа, изненади нејзиниот избор на облека на последниот настан на кој се појави!

Војвотката присуствуваше на спортски настан во Плимут, Англија, за кој сосема соодветно избра шорцеви бидејќи тоа е спортски настан. Сепак, изненадување е должината на шорцевите, кои се приближно до средината на бутот и ги откриваат мускулестите нозе на Кејт.

Елегантните шорцеви со рамен крој, украсени со златни копчиња, се модел на брендот за облека Holland Cooper, а белите патики кои ги искомбинирала со нив се од модната куќа Superga.

Со помош на црниот џемпер со бели пруги, кој е целосно затворен, војвотката успеа да го задржи скромниот и лежерен изглед.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma