Три најлоши работи кои несвесно ги правиме додека го миеме лицето

popara3 август, 20221min00
lice-shutterstock-1

Дерматологот д-р Ерин Гилберт кажува што е тоа што сите го правиме, а штетиме на нашата кожа.

1. Не го миеме лицето редовно

Некои луѓе не го мијат лицето секој ден бидејќи мислат дека тоа ќе ги отстрани природните масла кои ја штитат и навлажнуваат кожата. Тоа е некако вистина. Меѓутоа, ако не се миете редовно, вишокот маснотии се акумулира на кожата, што може да предизвика воспаление и акни. Лицето треба да се мие секој ден, а понекогаш и до два пати на ден.

2. Ги користите истите производи и во лето и во зима

Имено, во летниот период треба да се користат појаки производи за чистење на лицето. Можете да ги користите и оние со салицилна киселина, ако имате проблеми со акните.

Во зима користете понежни гелови за чистење кои немаат толку многу сапун во себе. Имено, во зима ви треба подобра заштитна бариера бидејќи кожата е изложена на студ.

3. Агресивни сте кон кожата

Ако премногу често користите производи за чистење на лицето во комбинација со други груби методи за чистење, можете да го отстраните природниот заштитен слој на кожата. Тогаш станува иритирана, чувствителна на надворешни влијанија и подложна на воспаленија.