
Недостатокот на сон може да предизвика бројни здравствени проблеми.
Брзиот начин на живот, бројните обврски и постојаниот стрес најмногу се одразуваат за време на спиењето.
Магичните осум часа сон за многумина се невозможна мисија и оттука започнуваат потенцијалните проблеми:
Недостаток на добро расположение
Спиењето и емоционалното здравје се длабоко поврзани. Според статистичките податоци на Медицинскиот факултет Харвард, пациентите со анксиозност и депресија имаат поголема веројатност да пријават хронична несоница.
Дури и краткотрајното, делумно губење на сонот може негативно да влијае на расположението.
Намалување на продуктивноста
Хроничниот недостаток на сон може негативно да влијае на нашата способност да расудуваме, фокусираме, па дури и да ги најдеме вистинските зборови за да ги опишеме едноставните работи. Честопати веруваме дека е апсолутно неопходно да останеме будни до доцна, завршувајќи ја работата или учењето, но излегува дека прекинувањето на работата навреме за да се наспиеме добро е генерално најдобриот начин за подобрување на продуктивноста и севкупните перформанси.

Лоша состојба на кожата
Црвени, подуени очи, темни кругови под очите се едни од показателите дека не спиете доволно. Дури и мали количини на лишување од сон може да влијаат на вашиот изглед.
Станувате поспани во текот на денот
Ова е еден од знаците на недостаток на сон кој е сосема очигледен. Чувството на исцрпеност во текот на денот е големо црвено знаме дека не спиете доволно.