Високите температури го напаѓаат имунитетот и го попречуваат организмот во неговата работа – Неколку совети како да избегнете здравствени проблеми за време на летото

popara7 август, 20221min00
3121095_leto-imunitet_ls

Многумина се убедени дека имунитетот се намалува во зима, а закрепнува во лето. Но, дури и сега, кога нè придружува убавото време, кога со денови нè грее силното сонце, нашиот одбранбен систем останува чувствителен на влијанието на различни фактори, надворешни и внатрешни.

Факторите од надворешното опкружување најчесто подразбираат долготрајни топлотни бранови, а блиску сме до еден таков нов бран и ќе има уште неколку во текот на август.

Тие предизвикуваат промени и во вродениот и во стекнатиот имунитет, што значи дека бројните бактерии и вируси можат побрзо да навлезат во клетките во нашето тело, да ја нарушат нивната активност и значително да го намалат производството на потребните антитела и лимфоцити.

БРОЈНИ ПОСЛЕДИЦИ

Изложеноста на долготрајна топлина најчесто доведува до намалување на локалниот имунитет во респираторниот тракт, односно до намалување на вродениот имунитет пред се, што може да биде многу опасно во доба на Короната, која не попушта.

Поради пад на имунитетот, во лето се почести вирусните инфекции предизвикани од адено вируси – болки во стомакот, ни се виткаат цревата, имаме висока температура, повраќаме, постојано трчаме во тоалет бидејќи имаме чести воденести столици…

Слични проблеми предизвикуваат и некои бактерии, кои брзо се размножуваат на високи температури: салмонела, шигела, јерсинија, кампилобактерија.

Една од последиците од жештината, секако, може да биде и намалувањето на бројот на црвените крвни зрнца – еритроцитите, како и нивото на хемоглобинот (протеин кој содржи железо и е задолжен за транспорт на кислород). Овој проблем создава нов – доведува до развој на анемија.

ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ

Веќе напамет научивме дека во лето потребно е да се консумираат доволно количество течности (вода, незасладени чаеви, природни сокови, млеко…), најмалку осум чаши дневно, а кога ќе стане навистина жешко – дури и повеќе. Но, кога станува збор за храната, често грешиме и го уриваме имунитетот наместо да работиме на негово зајакнување.

Функцијата на имунолошкиот систем за време на топлите денови ја поттикнуваат доматите, кромидот и лукот, морковот, брокулата, спанаќот, тиквичките и слаткиот компир. Ви препорачуваме на менито најчесто да имате готвени јадења, без силни адитиви и зачини.

Кајсиите, боровинките, бананите, лубениците, мангото се неспорно овошје… тие се одлични извори на витамини и антиоксиданси.

А, доколку  се одлучите за суплементи, докажано е дека витаминот Е и цинкот ја поттикнуваат работата на имунолошкиот систем.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma