
Дека семејството Кардашијан знае да ја разбранува јавноста се докажа уште еднаш. Имено, помладата сестра на Ким Кардашијан, Клои, доби второ дете, а веста ја чуваше во тајност до пред еден месец. Момчето на свет го донесе сурогат мајка, а таткото е поранешното момче на старлетата, Тристан Томпсон.
„Клои ја чуваше бременоста во тајност за да ја заштити приватноста и безбедноста на сурогат мајката и да го заштити своето ментално здравје од јавната осуда што произлезе од постапките на Тристан“, изјави извор близок до семејството Кардашијан.
Ова беше изненадување за многумина бидејќи Томпсон неодамна призна дека добил син со фитнес моделот Марали Николс додека тој сè уште бил во врска со Клои (38). Томпсон има и осуммесечен син Тео, а го има и петгодишниот Принс од врската со поранешната девојка Џордан Крег.
Прељубата на Тристан Томпосн – последната во серијата, беше тема и на реалното шоу на познатиот семеен клан, емитувана под името „Доста е“.
„Кога некој ќе повреди некого што го сакате, станувате заштитнички настроени. Срцето ми се кине за Клои затоа што знам дека таа се трудеше многу и знам дека тој многу се трудеше, а потоа се случува ова“, рекла Ким Кардашијан, која штотуку стави крај на својата деветмесечна врска. со Пит Дејвидсон, поради, како што се наведува, честата разделеност.
Сепак, изворите посочуваат дека новото бебе не значи дека двојката е повторно во контакт, а извор близок до ѕвездата вели дека Клои и Тристан „не разговарале надвор од заедничкото родителство“. Ријалити ѕвездата и поранешниот кошаркар ја имаат ќерката Тру (4).