
Во истражувањето за книгата „The Naked Truth – Ultimate Sexual Education for Adults“, д-р Хари Фич, кој е специјализиран за третман на машки сексуални проблеми, открил дека дури 43 отсто од паровите во просек, не водат љубов повеќе од две минути или околу 120 секунди, пишува Australian Star Observer.
Како главни „виновници“ за тоа тој ги наведува мажите, иако предвремената ејакулација се смета за состојба во која сексуалната возбуда не може да се контролира повеќе од една минута.
Исто така, повеќе од 90 отсто од жените не можат да доживеат кулминација во рок од две минути, па нивното задоволство е дефинитивно неостварено во таквиот секс.

„Постои голема варијација помеѓу паровите, па некои навистина водат љубов до еден час, но има значително повеќе чии страсни сесии се навистина кратки“, вели Фич.