
Американскиот модел и актерка, Емили Ратајковски и филмскиот продуцент, Себастијан Бур Меклард, наводно ставиле крај на бракот.

Извор близок до парот изјави дека Емили е таа што ќе поднесе барање за развод, а тоа е затоа што била изневерена.
– „Да, ја изневерил. Тој е прељубник. Одвратно“ – вели изворот.
Не беше откриено со кого ја изневерил, но дефинитивно беше првпат манекенката и актерка да се види без бурма. Според последните гласини, продуцентот се уште не се откажува од бракот со една од најубавите Американки.

– Себастијан ја моли да му даде уште една шанса. Тоа нема да се случи, затоа што истражувала и открила уште повеќе изневерувања зад грб“ – истакна неименуван извор.
Емили наводно е нервозна затоа што верувала дека има нешто посебно со МекКлард, а парот има и заедничко бебе, по име Силвестер Аполо, чиј пол ќе го дознаеме кога ќе наполни 18 години.

– „Тоа што го имаа беше навистина посебно. Сите нивни пријатели сакаа да ги гледаат во весниците и на насловните страници. Навистина беше убаво, но и најубавите врски, се разбира, понекогаш завршуваат на грд начин. Не ја знам вистината за однесувањето на Себастијан и не го бранам, но знам дека и двајцата се нервираат. Тоа е толку тажно“ – додава изворот.
Да потсетиме, Емили Ратајковски и Себастијан Бур МекКлард се запознаа во 2018 година и веднаш влегоа во врска, а се венчаа само две недели откако почнаа да се забавуваат! На почетокот на 2021 година го добија своето прво дете, а манекенката тогаш ги изненади сите објавувајќи дека со години нема да го знае полот.

Парот важеше за моќен, креативен и уметнички настроен и често беа мета на озборувања. Имено, многу обожаватели на Емили и поединци во холивудските кругови веруваа дека манекенката која се прослави со појавувањето во спотот на Робин Тик за песната Blurred Lines во 2013 година, може да најде многу попривлечен маж.