Кевин Федерлајн, поранешниот сопруг на поп ѕвездата Бритни Спирс, реши да проговори и индиректно да ја нападне пејачката. Имено, тој рекол дека би сакал синовите кои ги има со Бритни, да можат да се смират со нејзиниот татко, односно со нивниот дедо.
Како што рекол, доколку тие тоа го сакаат, би сакал Џејми Спирс да им се врати во животите, иако тој самиот поднел забрана за приближување. Федерлајн побарал забрана за приближување откако таткото на Бритни наводно физички го нападнал нивниот син Шон.
Освен тоа, тој тврди дека нивните синови не сакаат да ја видат пејачката.
„Поминаа неколку месеци откако последен пат ја виделе. Не сакаа да одат на нејзината свадба“ – рекол тој и истакнал дека децата се чувствуваат непријатно бидејќи Бритни објавува разголени фотографии на Инстаграм.
По неговите изјави, се огласи и Бритни.
„Тажно е да се слуша како мојот поранешен сопруг зборува за односот меѓу мене и моите деца. Како што сите знаеме, никому не му е лесно да се одгледуваат тинејџери. Ме загрижува фактот што причината се базира на мојот Инстаграм профил. Има тука многу нешта пред „Инстаграм“. Им дадов се… Само, мајка ми ми рече дека треба да ги дадам на нивниот татко“… – напишала Бритни.
Наскоро се огласи и нејзиниот нов сопруг, Сем Асгари кој застана во одбрана на Бритни, поради нејзините разголени фотографии на Инстаграм.
Тој не крие дека му пречат критиките кон пејачката бидејќи сите нејзини објави „вклучувале голотија која може да се види во секоја реклама за сапуница“. Покрај тоа, Асгари имаше посебна порака за Кевин Федерлајн.
„Неговата изјава за оддалечување на децата не е валидна, не е одговорно да се каже такво нешто. Момчињата се паметни и наскоро ќе наполнат 18 години, ќе можат сами да одлучуваат. Можеби на крајот ќе сфатат дека најтешкиот дел е всушност да се има татко кој не работел повеќе од 15 години.
Не го познавам и немам ништо против него, освен што реши да ја наклевети мојата сопруга“ – напиша меѓу другото Сем Асгари и заврши со зборовите:
„Не ја земај мојата жена во уста!“