
Можеби мислите дека отстранувањето на шминката е прилично едноставна работа сама по себе, но излегува дека сите тоа го правиме погрешно.
Иако мислиме дека отстранувањето на шминката е едноставно и дека не можеме да погрешиме во начинот на кој го правиме тоа, секогаш постои некој кој може да не демантира…
Погрешно сте го користеле средството за отстранување шминка – еве што навистина треба да правите со памукот и мицеларната вода.
Љубителка на убавината и негата го сподели методот на користење мицеларна вода и памук и ги воодушеви своите следбеници. Корисничката на TikTok покажа како нанесува вода за чистење на подлогата, а потоа нежно ја дува од едната страна, додека од другата страна, се создаваат меурчиња и пенлива конзистентност што потоа лесно може да се користи за отстранување на шминката од лицето.
@meredithduxbury Is this the new way to use micellar water?! 🤔😳😂 ib: @Sarah🖤❤️
„Што ако ви кажам дека погрешно користиме мицеларна вода цело време. Ова го олеснува отстранувањето на шминката“, вели девојката.
Трикот ја импресионираше шминкерката Мередит Дуксбра, која рече дека мора да го проба веднаш.
“Сега го пробувам. Дали само јас не знаев за ова, дали живеам под карпа”, се запрашала Мередит откако го послушала советот на девојката.