Рецепт за највкусниот ЛЕТЕН ГУЛАШ: Една тајна состојка го прави уште повкусен

popara8 август, 20221min00
34178_gulas_f

Состојки:

700 грама свинско месо
1 кромид со средна големина
2 големи моркови
200 милилитри бело вино
грст грашок
грст компири исечкани на коцки
грст рендани кисели јаболка
лажица мелен пипер
масло, сол, бибер, магдонос по потреба

Подготовка:

На масло испржете го свинското месо исечкано на коцки додека не порумени, а потоа извадете го од тавата. Пропржете го ситно исечканиот кромид, додадете ги ситно исечканите прстени од морков и по неколку минути прелијте со белото вино.

По неколку минути динстање, вратете го месото во тавата, па додајте ги јаболкото и зачините. Додадете малку вода.

Откако ќе зоврие, намалете ја топлината на минимум и оставете да врие еден час.
Потоа додадете ги коцките компир и грашокот и оставете да се динста додека компирот целосно не омекне.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma