
Традиционалниот голем собир, во чест на британската кралица Елизабета, во замокот Балморал во Шкотска годинава е откажан. Затоа се шпекулира дека здравствената состојба на кралицата Елизабета не е добра.
Традиционалното добредојде во Балморал обично се запишува на календарот на кралицата и е нешто во кое Нејзиното Височество навистина ужива, бидејќи таа може да ги поздрави локалните жители кои доаѓаат да ја видат. Сепак, годинава ќе биде поинаку, па затоа за прв пат (освен за време на пандемијата) нема да има голем традиционален собир.

Иако од палатата нема индикации дека 96-годишната кралица не се чуствува добро, уште едно откажување на традиционалниот собир во Балморал покрена нови сомнежи. Кралицата пристигна во Шкотска на крајот на јули и веднаш го откажа првиот настан на кој требаше да се појави.
Беше објавено дека нема да има голем собир во нејзина чест, а како образложение се наведува загриженоста за здравствената состојба и коронавирусот, кој повторно зема замав ширум светот. Наместо голем собир, во палатата се одржа дочек за неколку одбрани гости.
Познато е и дека кралицата нема да го напушти замокот за време на нејзиниот летен престој во Шкотска, што ги растажи локалните жители кои со нетрпение очекуваа конечно да ја видат.
Како и секоја година откако е на функцијата, кралицата ќе остане во Балморал до почетокот на октомври. Сепак, се шпекулира дека таа ќе направи исклучок оваа година и ќе се врати во септември за да го поздрави премиерот во заминување, Борис Џонсон, како и да ги објави имињата на новите кандидати кои ќе се борат за премиерската фотелја.

Иако членовите на кралското семејство немаат вистински одмор и приватност, одењето во Балморал отсекогаш се сметало за нивна оаза на мирот неколку недели. Кралицата сакаше да летува таму со нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип.