
Можно е да бидете вљубени во повеќе личности во исто време. Во повеќето случаи, обично се работи за избор помеѓу постоечка и нова врска, вели Трејси Кокс, позната терапевтка. Додека сте прилично среќни во врската, одеднаш може да се појави некој што ќе го натера вашето срце да затрепери. Тогаш се соочувате со огромна дилема – што да правите? Да останете во стабилна врска или да прифатите нешто ново и повозбудливо? Трејси вели дека е можно да имате чувства за повеќе личности во исто време, но на крајот се се сведува на изборот и посветеноста.
Занес, а не љубов
– „Според моето искуство, луѓето често се жалат дека оставиле стабилна врска заради некој друг. Ако сте во врска некое време, се чувствувате удобно со тој партнер. Како да седите пред камин со чаша вино. Новата љубов носи возбуда, постојано се смеете и не можете да го контролирате своето однесување“ – објаснува Кокс и додава:
– „Една личност би можела да ѝ се допадне на вашата авантуристичка страна, делот кој сака дива интимност и возбуда. Друг може да направи да се чувствувате безбедно и сакано. Нема многу кои можат да се справат со повеќе љубовни афери во исто време. Повеќето луѓе се спречени да се заљубат во други луѓе поради посветеноста на врската во која се, како и времето и енергијата“ – вели Кокс.
Не можете да престанете да чувствувате природна привлечност кон некого, но можете да спречите тоа да се претвори во нешто посериозно – со ограничување на времето што го поминувате со таа личност и одбивајќи да ја пуштите во вашиот живот. Кокс ја објаснува клучната разлика помеѓу љубовта и занесот што треба да ја искористите доколку се најдете на оваа љубовна клацкалка:
– „Да се биде еротски возбуден не е љубов, тоа е занес“ – вели Кокс.
Авантура, а потоа каење
За оваа љубовна дилема зборуваше британски новинар. Имено, како што тврди таа го сака својот сопруг. Меѓутоа, во нејзиниот живот влегол уште еден маж кон кого имала чувства:
– „Се најдов во ситуација да треба да изберам помеѓу мојот сопруг со кој бев во брак четири години и човекот со кој започнав афера. Имав паралелна врска речиси една година и тоа беше најстресниот период во мојот живот. Со сопругот бевме заедно десет години, но за тоа време станавме пријатели, а не љубовници. За малку ќе заборавев на страста што ја имавме на почетокот. Тоа многу ми недостигаше. Не барав афера, но чувствував монотонија во бракот и ми беше малку досадно. Потоа запознав човек кој не беше ни приближно добар како мојот сопруг, но сè меѓу нас пукаше од страст. По една година го напуштив сопругот. Меѓутоа, кога врската со новото момче стана јавна и кога можевме да го правиме она што другите парови го прават секој ден, страста избледе. Сфатив дека ова е само привремена авантура и дека сепак сакам да се вратам кај мојот сопруг. Не сакаше помирување. Ова е мојата најголема животна грешка, но и лекција“ – изјави Кристи за британските медиуми.
Кога ќе го погледнеме само овој пример, а такви примери има се повеќе, заклучуваме дека искрените чувства постојат само за една личност, а дека се друго е страст. Во овие ситуации, важно е внимателно да размислите за се што ви се случува. Дали новата личност во вашиот живот е некој со кој би можеле да споделите и среќа и тага или само кревет?