Речиси никој не знае која е неговата улога: Џебот на женската долна облека има своја функција, не е бескорисен!

popara9 август, 20221min00
171_shutterstock-1126750496_f

Според светските здравствени стандарди, внатрешниот дел на гаќите кој е во директен контакт со најинтимниот дел од женското тело мора да биде покриен со мек, нежен и природен материјал.

Ова е исклучително важно, особено кога станува збор за синтетички модели на долна облека. Материјалот мора да се зашие за гаќите, но шавовите на две места би можеле да ја иритираат интимната зона, па затоа не се зашиваат од едната страна.

Поради ова се создава мал џеб, кој и покрај мислењето на многу мажи, не се користи за носење никаков предмет. Неговата примарна функција е да го намали контактот со синтетичките материјали кои поттикнуваат развој на бактерии и бактериски инфекции, а го ослободува дишењето на интимните делови и ги апсорбира можните телесни течности.