Поминавте премногу време на СОНЦЕ? Гелот од алое вера целосно ќе ви ја опорави кожата

popara10 август, 20221min00
Aloe-Vera-lice-nega

Се покажа дека алое верата е корисна за изгореници

Ако сте поминале премногу време на сонце, не грижете се, бидејќи постојат билки кои ја смируваат кожата, ја хидрираат и и ја враќаат влажноста.

Гелот од алое вера се покажа како одлично решение за кожата изгорена на сонце.

Треба да биде што е можно почист, односно алоето да биде во што поголем процент.

Ова растение ја храни кожата, и дава исклучителна хидратација и е прва помош за многу црвена кожа која пече.

Алое верата содржи природен протеин алоин, за кој лабораториските тестови покажуваат дека е антиинфламаторен и антиоксидативен.

Други студии покажуваат дека алое верата е исклучително корисна, особено за лекување на изгореници. Преглед на четири студии во кои учествувале 370 лица покажал дека таа е ефикасна во лекувањето на изгореници од прв и втор степен.

Најлесни се изгорениците од прв степен. Изгорената кожа станува црвена, многу чувствителна на допир, влажна или отечена. Изгореното место побелува (бледо) на допир, но не создава меурчиња. Изгорениците од втор степен предизвикуваат подлабоки оштетувања. На кожата настануваат меурчиња. Основата на плускавците може да биде црвена или белузлава и исполнета со чиста, густа течност. Изгореницата е болно чувствителна на допир и може да побели.

Гелот од алое вера ќе и помогне на кожата да се обнови. Поради самата текстура, овој гел лади, а доколку го чувате во фрижидер дополнително ќе ве освежи.