
Спротивно на популарното верување дека жените се најголеми озборувачи, новото истражување го побива ова и го открива токму спротивното. Мажите се поголеми „баби“ од жените и воопшто не знаат да чуваат тајни. Веќе следната минута, откако ќе им кажете нешто доверливо, тие ќе им кажат и на другите.
Истражувањето направено врз 2.000 Британци покажа дека просечниот маж може да чува тајна за себе приближно 2 часа и 47 минути, што е 40 минути помалку од жената. Секој десетти признал дека споделил туѓа тајна во следните 10 минути откако му ја довериле. И покрај сето тоа, 92 отсто од посилниот пол велат дека се луѓе од доверба.

– „Ако сакате нешто да остане тајна, не кажувајте му ја на маж“ – заклучила портпаролката на The Fifth Estate, која го спровела истражувањето.
Поради модерната комуникација, мажите нема ни да чекаат да ги видат своите пријатели, туку ќе им ја откријат тајната преку Фејсбук или некој друг вид на разговор.
Тајни кои нема да останат долго тајни, ако му ги доверите на маж:
1. Еден пријател има афера
2.Некој лаже за нешто
3.Шеф или колега има канцелариска романса/афера
4.Некоја што ја познава е бремена
5.Некој имал проблеми со полицијата
6.Некој лаже за работа или плата
7.Некој направил пластична операција
8.Еден пријател доби унапредување/покачување
9.Пријател/колега е во финансиски проблеми
10.Пријател/колега има проблеми во кревет