Време е да РАСКИНЕТЕ: 4 работи кои никогаш не треба да му ги простите на партнерот, полоши се од ПРЕЉУБА

popara20 декември, 20241min00
676

Секој од нас си го избира својот животен стил и не е редок случајот двајца луѓе да завршат заедно, но по некое време да излезе дека токму поради различните преференци, цели и идеи за тоа како треба да изгледа една врска, ја прекинуваат врската.

 

 

Постојат многу начини на кои луѓето покажуваат екстремно непочитување и недостаток на љубов, а со личност која се однесува вака, дефинитивно не можете да бидете среќни. Едноставно не ве заслужуваат.

  1. Одбива да ви помогне

Колку пати сте слушнале од вашата „друга половина“ дека не знаат, не можат или, што е најлошо, не сакаат да направат нешто? Врската подразбира партнерите да можат да се потпираат еден на друг, да си помагаат и да напредуваат заедно.

Доколку не ја чувствувате поддршката од партнерот, тој одбива да биде ваша потпора и помошник, навистина нема потреба да правите понатамошни планови со него. Замислете како ќе биде да се биде во брак со таква личност.

  1. Се заканува дека ќе замине

Никогаш, никогаш, никогаш не смеете да дозволите да бидете уценувани! Без разлика колку вашиот нарцисоиден и себичен партнер ви кажува дека ќе ве остави поради нешто, што навистина не е причина за раскинување, треба да го пуштите да си оди.

  1. Врската не му е приоритет

Работата, семејството и пријателите се важни работи, но не смеат секогаш да бидат пред љубовта. Секој заслужува да биде приоритет на својот партнер.

Затоа бидете внимателни. Добро погледнете во колкава мера ви дава важност во животот и ако забележите дека апсолутно секогаш сте на второто место, јасно ви е што треба да направите, заради себе.

  1. Предавство

Изневерувањето е секако најочигледниот облик на предавство, но има и други работи. Изневерената доверба е исто така лоша работа.

Не е во ред вашиот партнер да открива интимни детали за вас пред неговите или вашите пријатели или, уште полошо, пред членовите на семејството. Исто така, тајните кои сте му ги довериле треба секогаш и строго да останат меѓу вас.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag