
Селена Гомез (30) поминала низ многу тешки моменти во животот и имала трансплантација на бубрег, но се чини дека во последно време се ѝ оди добро.
Ѕвездата од серијата „Murders In The Building“ се снимаше на јахтата на која плови во Италија и беше во друштво на филмскиот продуцент Андреја Иерволина (34). Тие изгледаа многу опуштено во друштво на неколку луѓе, а според некои странски медиуми Андреа е новата љубов на Селена.
Актерката пред пет години соработуваше со продуцентот на филмот „Dubious Battle“ и неколку пати беа видени заедно во Лос Анџелес. Тие допрва треба да ги коментираат гласините за нивната врска, а многумина забележаа дека Гомез блеска на крстарење во Италија.
Таа е многу популарна на TikTok и неодамна објави видео на кое лежи во едноделен костим за капење. Едно лице и предложило да го вовлече стомакот, што таа го одбила.
„Нема шанси да го вовлечам. Вистинските стомаци се враќаат во мода, добро?“, му вратила таа. Ова не е прв пат Селена на социјалните мрежи да се огласува за односот кон своето тело и да ги воодушеви жените ширум светот кои треба да ги читаат нејзините зборови неколку пати на ден!
@selenagomez Vaca self
„Е***е, совршена сум таква каква што сум“, коментирала еднаш, а претходно изјавила дека нејзината тежина не ѝ пречи затоа што „како и да изгледам, некој секогаш ќе има нешто негативно да каже за тоа.”
Минатата година за магазинот „Vogue“ изјави дека на нејзината тежина влијае и нејзината здравствена состојба.
„Мојата тежина често се менува. Тоа се лекови кои ќе морам да ги земам до крајот на мојот живот. Понекогаш се менува на месечна основа. Забележав дека луѓето почнаа да ме напаѓаат поради ова, а во реалноста тоа е мојата вистина. Јас осцилирам, а тоа зависи од се што ми се случува во животот“, рече тогаш таа.

Имено, Селена боледува од автоимуната болест лупус, а во 2017 година нејзината најдобра пријателка ѝ го донираше нејзиниот бубрег заради оштетувања од оваа болести.
Инаку, актерката неодамна во емисијата ‘Giving Back Generation’ зборуваше за нејзиниот приватен живот. „На крајот ќе се изморам од сето ова, па веројатно поголемиот дел од мојот живот ќе го посветам на филантропијата пред да се пензионирам“, откри таа за нејзините планови да направи пауза од кариерата.
Рекла и дека се надева дека ќе се омажи и ќе се најде во најубавата улога, мајчинството.
Да потсетиме, Селена зад себе има бурна врска со Џастин Бибер со кој неколку пати раскинуваше и се смируваше, а конечниот крај на нивната љубов беше во мај 2018 година.