КРЦКАВИ ПОЛЖАВЧИЊА СО СИРЕЊЕ! Домашно секогаш е подобро од оние од пекара (РЕЦЕПТ)

popara12 август, 20221min00
Screenshot_3

Наместо да купувате пецива од пекара, направете домашни полжавчиња со сирење и ќе имате одличен појадок

 

 

СОСТОЈКИ:

 

  • 500 гр готови кори
  • 200 гр сирење
  • 3 јајца
  • 1/2 прашок за пециво
  • 200 мл јогурт
  • масло

 

Подготовка:

Ставете го сирењето, јајцата, прашокот за пециво, 3 лажици масло и јогуртот во сад. Сè изматете со вилушка. Листот готова кора попрскајте го со малку масло, па додајте две полни лажици сирење и со лажица премачкајте го по целиот лист.

 

Виткајте го во ролна и завиткајте во полжавче. Се редат во намрсен плех.

 

Ако остане фил, истурете го во средината на секој полжав.

 

Печете на 200 степени околу 45 минути додека добро да поруменат и да станат крцкави.